Модерни сказни за принцови и коњи.
Современите реклами се обидуваат да влијаат и да ги обликуваат нашите мислења и основните ставови врз кои е втемелен погледот на светот од страната на потрошувачите според нивните интереси. Современите реклами укажуваат на тоа што е пожелно, а не е што е добро. Ако во политиката се работи за трансформација на држава во идеална земја за живеење, тогаш рекламирањето е насочено кон трансформација на гледачот, на кој му се нуди ветувањето на престиж и самодоверба, контрола на животот, луксуз и забава како и егзистенција без мрдање на малиот прст.
Ако го испитаме телевизиското рекламирање уште еднаш ќе сфатиме дека уметноста и технологијата се искористени за симулирање на сказни со цел да се испровоцира одредена реакција од публиката. Но сведоци сме на нова културна креација, а тоа е 20 секунден медиумски простор исполнет со танцување, пеење, разиграни механичари и доктори, пациенти кои пеат опери, со брзо разрешување на проблемите. Ликовите пребродуваат пречки и ги исполнуваат своите желби во рекордно брзо време со помош на производот. Тие се пресоздаваат во принцови и принцези, а каде одат тие без својот коњ, кој е игран од гледачот.
Тоа е изградба на алтернативна реалност, реалност свесно градена и изградена како асимилаторска пајажина во која кој еднаш ќе се заплетка ќе стане покорен следбеник на култот на успешноста и виталноста создаван и одржуван од страна на спин мајсторите на современиот маркетинг.
Публиката страда од отуѓување како и чувство на заробеност во култура на измами во која се опкружени од слики, приказни, реторики и презентации кои се наменети да ги натераат да купат нешто или да посакуваат нешто. Оваа култура глуми постоење на луѓе, места и ситуации. Завесата за лажните ветувања и лажните тврдења е тргната. Новата и подобра реалност е на сцената.
Постои една интересна реклама на телевизија. Таа едноставно прикажува мечка како удира на тапани на песна од Фил Колинс, поточно Ин ди Ер Тунајт. Не знам дали постои човек на планетата кој може од прва да погоди за што се работи во рекламата. Мене ми требаше неколку пати за да сфатам за што се работи. Тоа беше реклама за чоколада. Можеби фирмата се обидуваше да биде паметна – на надреален начин, но во секој случај, таа го симболизира нашето постмодерно време.
Но ова е ера во која означувачот нема никаква врска со означеното. Тоа е едно убаво толкување за нашата збунета култура во која чувството на идентитет е изгубено. Знам дека и јас припаѓам на „изгубените“ во оваа сезона, не се сеќавам на некоја од епизодите на директноста во рекламирањето. Но археолошки артефакти од порано се пронаоѓаат ако знаеме каде да копаме. Порано рекламите за паста за заби едноставно ветувале „свежичко чувство“ во вашата усна празнина, а не три пати побели заби со само една употреба.
Невидливи прашалници, дури и на речници кои не се прашални. Луѓето се привлечени од оној неверојатно заразен и прашален тон. И сега ми одѕвонува оној прашален тон на рекламите „Вие сте вакви?!“ „Вие се чувствувате депресивно, поспано и малаксано?! –Ние го имаме вистинскиот лек за Вас! Магично апче!“ или мојата омилена „Вие си легнувате навечер а се будите наутро?! – Тогаш Ви треба....“ ве тера да помислите, „еј чекај јас го имам тоа мора да сум болен. Ми треба тоа .... и на мене. Морам да го купам.“ Пародиите и шегите се знаци на песимизам. Тие што сакаат да ја дисторзираат реалноста, го прават тоа бидејќи не се среќни со неа. Тие што се исмеваат на животот, го прават тоа бидејќи за нив животот е шега.
И не, не сум голем љубител на чоколадо, ама мислам дека ако рекламата била: „Купете го нашето чоколадо, вкусно е (или „не е лошо“).“ наместо проклета мечка како изигрува тапанар на Фил Колинс, можеби и ќе го побарав во продавницата следниот пат.
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
0 коментари:
Објави коментар