Од каде дојде постмодерното?

Од каде дојде постмодерното?

Мислам дека главната причина за настанокот на постмодернизмот е реакцијата на модернизмот. Модернизмот бил оптимистички настроен, постоела некаква заедничка позиција од која можело да се набљудува реалното, свесност за целото знаење и верба во вистината како и желба да се дојде до истата. Реализмот го означува оптимизмот, потрагата по светот таков каков што навистина е. Таа самодоверба исчезнала со постмодернизмот кој е многу по песимистички настроен.

Тука веќе е изгубена вербата во вистината на човечкото искуство во светот па дури и во користењето на знаењето, нема веќе неутрално гледиште и едно гледиште на вистината, сега постојат многу повеќе опции, луѓето се обликувани од околината,во литературата авторот веќе не е толку важен туку мојата перспектива е важна, не е важна приказната на авторот, мое е правото и слободата да одлучам што ќе прочитам. Една од предностите на постмодернизмот е слободата секој да верува во што сака. Но апстрактното е продукт на збунетиот ум и на изгубената ера.

Со развојот на светот, и губењето на допирот со моралноста и Бог, луѓето сами одлучуваат за својата вистина не постои повеќе „големата“ приказна, сами мора да ја создаваме нашата вистина и нашата реалност. Мораме да гледаме што е тоа што функционира за нас и во што можеме да ги натераме другите да веруваат.



0 коментари:

Објави коментар

 

Вени, Види, Твит!

Кристал и Историја

Прашај ме!

Статистика