Што ако ја издвојам литературата?
Во случај да не сме забележале денеска стана модерно да не знаеме што зборуваме, или пак цврсто да веруваме во тоа што го велиме. Што се случи со мостовите на комуникација по кои некогаш човештвото чекорело. Зар сме ги исекле и нив заедно со дождовните шуми. Дали општеството е преполно со оние „бљак“ чувства или дојдовме до времето нашата генерација да биде најнеспособна да се изрази по долго време, кога имињата на великаните од светската литература како Достоевски, Гогољ, Тургењев, Балзак, Хемингвеј, цела армија на останати мајстори на светското перо не само што едвај кој може да ги кој да ги следи, туку се чини како да се зафрлени во некое ќоше како казнети четвртоодделенци?
Не сакам да бидам премногу остар спрема наспрема „постот на модерното време“. Ја ценам стратегијата на Бодијар, Урошевиќ, Михајловски,Прокопиев, Чачански и други, за преметување на класичното сфаќање на литературата, категорија загрижена за општеството и големите културни јунаци. Тие секако заслужуваат посебно место на полиците за постмодернистичкиот роман во училишните библиотеки.
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)

0 коментари:
Објави коментар